Куќа постара од 200,000 години во Африка сеуште се користи – Откриени нови докази дека Европскиот хомосапиенс всушност потекнува од Африка
Новото истражување на археолози од Универзитетот Алберта го ставија под знак прашалник нашето знаење за тоа како предците на денешните Африкански племиња мигрирале пред 60,000 години. Археолозите го испитале регионот околу Танзанија и сега имаат за цел во оваа област да го развијат екотуризмот, за да ја подобрат економијата и да создадат мотивација за да се заштити археолошката историја во овој регион.
Вчудоневидува едно од археолошките откритија кое домордците пред 50,000 години го користеле како засолниште. Примероците земени од големата карпа со надвиснат кров покажуваат дека станува збор за засолниште кое што датира од најраната фаза на камената доба, па се до железната доба.
Железната доба може да се датира со користење на Радиоактивен јаглерод, но постарите депозити мора да одат преку повеќе специјализирани процеси. Ваквите информации од ваквите артефакти можат да бидат од суштинско значење за следење на еволутивниот развој на жителите во тој период, и нивното мигрирање. Новите теории од испитувањата на гентетичарите на митохондријалната ДНК на денешните живи луѓе, покажале дека сите не-Африканци потекнуваат од една лоза на луѓе кои живееле на Африканскиот континент кои го напуштиле пред 50,000 години.
Голем дел од тогашните луѓе мигрирале од низините, тропските и крајбрежните области, во планините, каде вегетацијата останала претежно непроменета во текот на последните 50,000 години. Само до пред 20 години луѓето препознаваа дека модерниот Хомосапиенс всушност имал Африканско потекло и сите биле фокусирани на постариот Хомосапиенс во Европа за кој се верува дека се појавил на стариот контингент пред 40,000 години. Но, со новите истражвања се покажало дека и пред 200,000 години, Африка била населена од луѓе кои физички изгледале како нас денеска.