Даночна службеничка – самостоен даночен референт од Даночно одделение Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник, јавува Нетпрес.
Имено, службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. Случајот е пријавен во СВР Куманово.
Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности.