Кумановец девет години работел како полицаец во кумановската полиција и две години бил помлад инспектор за општ криминалитет без завршено средно образование, односно со фалсификувана диплома за сообраќаен техничар.
Тој во 2002 година за да се вработи во Министерстото за внатрешни работи без завршено средно образование, изготвил четири свидетелства за завршени четири години во Авто сообраќаен училиштен центар „Боро Петрушевски“ Скопје, како и диплома за положен завршен испит за сообраќаен техничар.
Ваквите документи во четири наврати ги употребил во правниот промет како вистинити и тоа кај нотар од Куманово каде ги заверил истите, во Агенцијата за вработување, во Одделението за заеднички работи во СВР Куманово и при упис во Државниот универзитет во Тетово каде во текот на 2015 година се стекнал со уверение за завршена висока стручна спрема.
При тоа, во периодот од 24.02.2005 до 30.01.2014 година бил вработен како полициски службеник во Куманово, а од 30.01.2014 година со решение е распореден на работно место помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово.
Против триесет и девегодишниот кумановец е поднесена кривична пријава за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“