Кривична пријава поднела полицијата против кумановец и прилепчанец, кои биле фатени како шверцуваат мигранти.
На 9.04.2016 година во 1.30 часот на клучка – Демир Капија полициски службеници забележале две патнички возила – „Пежо 206“ управувано од Х.Д. во кое се пронајдени четири илегални мигранти од Ирак и „Сеат Толедо“, управувано од М.Д. од Куманово кој избегал, а во кое се пронајдени пет илегални мигранти од Ирак. Мигранти се сместени во прифатниот центар за странци, а од страна на судија на претходна постапка на Х.Д. му е одредена мeрка домашен притвор.