Во одрон на земја загина работник во Велес


Загина градежен работник во Велес. Го затрупа земја од брег додека изведувал градежни работи. Несреќата се случи претпладнево околу 11.30 часот на улицата Максим Горки во населбата Долно Дуќани, на јужниот излез од градот. Пред несреќата, работникот на возраст од околу 40 години, се наоѓал на тесниот пролаз помеѓу куќата и земјениот брег. Работел на ѕидот од куќата на кој што требало да се постави нова фасада, објави Дума.gradeznici - rabota

Во еден момент врз него се струполило огромно количество на земја и камења и тој останал затрупан под нив. Било невозможно да му помогнат неговите колеги ниту пак граѓаните од околните куќи. Се јавиле во компанијата и побарале да испратат багер.

Во исто време ја повикале и Итна помош. Речиси цел час багерот ја откопуваше и фрлаше настрана натрупаната земја под која се наоѓаше работникот. Кога беше отстранета земјата од неговото тело, тој не даваше никакви знаци на живот.

Но, телото на работникот не можеа да го извадат бидејќи нозете му беа вклештени под камења. Неопходно беше да се обезбеди свлечениот дел од брегот, за да не се случи повторно да падне. На помош дојдоа и четворица пожарникари од противпожарната единица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1