Кумановец ќе прегазел полицаец, му пукале во гумите, се истумбал…


На 07.04.2016 година во 02.15 часот на регионалниот пат Свети Николе – Крива Паланка, полициски службеници од ПС Куманово дале знак за запирање на ПМВ„Мазда“ без регистарски ознаки, управувано од Љ.Г. (22) од с.Раклиш, но истиот не застанал туку со возилото се упатил кон полициските службеници со намера да удри во нив. Притоа полициските службеници употребиле огнено оружје и пукале во едно од тркалата.soobrakjajka policija nokj

Љ.Г. продолжил со движење со возилото, но набргу излетал од патот и се превртел. Истиот се здобил со повреди поради што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување. Против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1