Кумановец од село Бедиње убил две жени, па се самоубил претпладнево во кумановската населба Бедиње.
Според првичните информации од СВР Куманово, четириесет и двегодишниот Марјан С. претпладнево околу 11.30 часот дошол во куќата каде живеела триесет и деветгодишната Фросина С. во истата населба. Во куќата била и сосетката на Фросина, четириесет и петгодишната Валентина С.
Марјан ги застрелал двете жени со пиштол, па се самоубил. Сè уште нема информации за поврзаноста на мажот со жените и причините убиствата.
Екипи на СВР Куманово, истражен судија и јавен обвинител вршат увид на местото на трагедијата.