Kумство не се одбива, но зошто?


Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете.

Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка.

Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството.

svadba445

Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сре одбиле да сведочите.

Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца.

Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него.

Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи.

Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето.

Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1