Купила парче месо и останала во шок: „Пулсираше како да е живо” (Видео)


Откако една жена купила парче свежо говедско месо во еден кинески град, стигнала дома и почнала да го приготвува месото. Кога го извадила од кесата останала шокирана.Месото еден час после купувањето пулсирало.

Госпоѓа Ченг која живее во кинеската провинција Шандонг, воочила пулсирање во парче месо кое изгледало како да е живо. Го зграбчила мобилниот телефон и се` снимила, пишува Daily Mail.meso prodavnica

„Изгледаше како да е живо или како во него да има црви, а кога почнав да го сечам видов дека во него нема црви“, раскажала госпоѓа Ченг.

Експерт од областа на здравјето на животните, Лу Сувен, напоменува дека ваквите ситуации се можни и дека станува збор за нервни завршетоци кои очигледно се уште не се мртви.

„Можете да бидете сигурни, ова парче месо и тоа како е свежо. Иако централниот нервен систем е мртов, нервните завршетоци во мускулите уште се активни, па поради тоа месото пулсира, но и тие после некое време ќе престанат да бидат активни“, напоменува Лу Сувен кој кажал дека никогаш не се сретнал со вакво нешто.

Госпоѓа Ченг рекла дека месото го купила во 8 часот, а почнала да го обработува околу 9 часот, но не е познато кое време месото пристигнало во месарата во која било купено.

Ова видео за кратко време стана вирално, а во само неколку дена е прегледано повеќе од 11 милиони луѓе ширум светот.

 

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1