Купиле столица за 5 фунти и откриле дека е полнета со дијаманти (ФОТО)


Брачна двојка од Шкотска пред 10 години на аукција купила стара столица а подоцна во неа откриле вистинско богатство.
Анџела Милнер Браун и нејзиниот сопруг Ангус од Бигар, Јужен Ленаркшир, на аукција купиле стара столица.NINTCHDBPICT000255695378

„Ја купивме одамна на аукција за 5 фунти. Изгледаше како куче да спиело на неа и беше во мошне лоша состојба“, изјавила Анџела. Сопружниците тогаш немале доволно пари за да ја претапацираат столицата, па ја оставиле на таван. По неколку години Ангус ја однел столицата на мајстор, а набргу потоа почнал на Анџела да и дава скапоцени подароци.

„Пред неколку години сопругот ме изненади со дијамантски прстен за годишнина на бракот. За Денот на вљубените ми подари дијамантски обетки, а за Велигден дијамантски брош“, изјавила Анџела.stolica DIJAMANT

Се испоставило дека Ангус во перницата од столицата пронашол накит вреден околу 5000 фунти и решил да ја чува тајната, за да може да ја изненадува сопругата со подароци.

„Мојот маж ги симнмувал слоевите од штофот на столицата за да ја однесе на претапацирање. Под последниот слој го пронашол накитот. Тој е романтичен, па решил ова да го премолчи за да ме изненадува со подароци“, раскажала Анџела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1