Купуваат дете, го товарат со бомби и го праќаат да се самоубие (Видео)


Пронајдени се 11 момчиња на возраст од осум до 15 години кои терористите ги користеле затоа што поради возраста не предизвикувале сомнежи. Терористичките групи во Пакистан пронашле ново оружје:деца кои од осмата година ги натоваруваат со бомби и ги испраќаат во напад.

Полицијата во Белуџистан објави дека во рацијата на засолништето на Обединетата војска, фатила група од 11 деца меѓу осум и 15 години. Децата се во рацете на полицијата, но осуммина возрасни успеале да побегнат.

15032013164602_detski bombasiПомалку познатата Обединета војска на Белуџистан е една од ослободително-терористичките групи кои веќе со децении се борат за самостојност во Белуџистан, најголемата и најслабо населена пакистанска област на границата со Иран и Авганистан. Децата биле испраќани во бомбашките напади или пак само им го пренесувале експлозивот.

-Сите тие деца потекнуваат од многу сиромашни семејства-рече локалниот шеф на полицијата Махмуд Зубаир, на конференцијата на која полицијата објави дека ги фатила децата.

323086_pakistan-deca-bombasi-snimak_ffТерористичките групи плаќаат на семејствата на децата од 25 до 50 долари, за да постават пакети со бомби со часовен механизам. Децата се најдобри за тие задачи затоа што ретко предизвикуваат сомневање. Фатените момчиња на полицијата при испрашувањето и рекле дека не знаеле што има во пакетите кои ги пренесувале, ниту пак знаеле што точно прават. Бомбите ги оставале по трговските центри, канти за ѓубре и покрај улици кои ги користат полициските и сигурносните сили.

Со години разни групи во Белуџистан се борат за автономија на оваа заостаната покраина која опфаќа повеќе од 40 проценти од територијата на Пакистан. Бунтовниците ја обвинуваат власта во Исламабад дека само вадат нафта и плин од нивната територија, а ништо не враќаат во сиромашниот регион.

Ова не е прв пат да се открие дека деца се користени во бомбашки напади. Уште во 2009 година Американците и властите во Пакистан ги обвинија пакистанските талибанци дека купуваат и продаваат деца за бомбашки напади.  Децата од 12 до 18 години се мнозинство од бомбашите самоубијци во Пакистан, а и според водачот на талибанците, Хусеин Кариј, децата се оружје за остварување на Вожјата волја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1