Купувајте злато, препорачуваат аналитичарите!


Aналитичарите на „Дојче банка“ во најновите анализи препорачуваат купување на злато, тврдејќи дека тоа може да гарантира сигурност во нестабилно време.

„Во глобалниот финансиски систем воочуваме значителни промени, особено корпоративен ризик во САД, поради остриот одлив на капитал во Кина“, сметаат од „Дојче банка“, додавајќи дека со купување на злато може да се гарантира сигурност во нестабилни времиња.zlato

Иако цената на златото опадна од 1900 долари за унца во 2011 година на 1200 долари за унца, Дојче Банк сметаат дека се уште е скапо, рангирајќи го како најскапа стока во нејзиното 15-годишно искуство во тргување.

„Златото е се уште скапо, но растот на економските ризици и превирањата на пазарот значат дека инвеститорите треба да го купуваат за осигурување“ – велат од „Дојче банка“.

Единствениот аргумент против инвестирањето во златото е дека тоа е средство кое не носи приноси (камата или дивиденда). Но, ако сега ги земеме во предвид негативните каматни стапки на банките, јасно е зошто станува примамливо за инвеститорите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1