Зошто Месечината нема име?


Тед Хендерсон од Солт Лејк Сити покрена кампања на сајтот Change.org, наречена „Да ѝ се даде име на Месечината“.

Тој изјави дека една вечер сфатил дека е „сосема глупаво што ова небесно тело се нарекува Месечина“.mesecina

Хендерсон истакна дека на многу планети и на нивните сателити им се дадени интересни имиња, додека терминот „месечина“ ги означува и сите останати такви тела, кои кружат околу своите планети.

Хендерсон сака и Земјината месечина да го добие истото достоинство и почитување, како и другите небесни тела.

Доколку петицијата собере доволно потписи, за тоа дали на Месечината ќе ѝ биде дадено име ќе одлучува Астрономската унија. Тоа е здружение задолжено за именување на сите нови планети, нивните природни сателити и ѕвезди. Освен тоа Хендерсон планира да направи цртан филм за Месечината, со кој сака да ги заинтересира децата за оваа тема.

На страницата на која се собираат потписи за неговата петиција веќе се предложени неколку имиња: „Надеж“, „Пакс“, „Лани“ и „Каи“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1