Купувате автомобил на старо – еве како да препознаете дали бил поплавен


Постојат ситуации кога протекувањето на вода до одредена висина на возилото, на почетокот не предизвикува големи проблеми и штети. Меѓутоа, во таков случај има потенцијална опасност дека со текот на времето автомобилот ќе покаже сериозен дефект или цела серија на помали проблеми чија поправка ќе ве чини многу трпение и пари.

obrenvoac-500x320За почеток, прегледајте ја внатрешноста на возилото каде што сите тапацирани делови треба да бидат во ред, а не „исшарани“ со дамки од нечиста вода, одлепени или излупени. Во таквите возила многу често се чувствува и тежок мирис на влажен тепих.

Треба да се внимава и на багажникот на возилото, каде што мирисот на влажен тепих или тешкиот мирис на мувла, исто така, можат да бидат добри показатели дека нешто не е во ред, бидејќи таму не може да се оправда појавата на влага со цедењето на чадор или мокри чевли.

Такво возило, најверојатно, за некое време ќе почне да покажува знаци на корозија, почнувајќи од завртките, конекторите па се’ до поголемите метални површини.

Најголемо внимание треба да се посвети на делот околу вратите, како и предниот и задниот дел од возилото. Некои компоненти е многу тешко целосно да се исушат, како на пример, предните и задните светла, така што забележливо ќе биде нивното замаглување.

Корисно е да се провери правилното функционирање на сите електрични сигнални уреди, трепкачите, светлата за сопирачки, рикверц…

Потенцијални проблеми може да се кријат и во неисправноста на некои електронски уреди што се сигнализира со предупредувачки светилки на инструмент таблата. За жал, има нечесни луѓе кои ваквата сигнализација ја оневозможуваат на различни начини. Затоа најпрепорачливо е автомобилот да го понесете на сервис, каде што со дијагностички преглед ќе се утврди состојбата на возилото.

Сервисот нуди цела низа на активности со кои дополнително може да се потврди евентуален влез на вода во автомобилот. Сервисерот едноставно може да ги отстрани тркалата и да направи увид на сопирачките, алтернаторот и на други места каде што, најверојатно, се задржале нечистотии кои водата ги донела. На крајот, одлуката дали сакате да купите возило со пониска цена, но и со потенцијални проблеми, е целосно ваша.

Коли.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1