Курдите ја обвинуваат Анкара!: ИСИС со нов масакр во Кобане!


Милитантите на таканаречената Исламска држава повторно влегле во сирискиот град Кобане, каде се судриле со курдските сили.

Сириската организација за заштита на човекови права, порачала дека борбите во центарот на градот на сириско-турската граница, однеле и човечки жртви. Курдските сили ги протерале милитантите од ИСИС на почетокот на оваа година, со помош на американските воздушни сили.kobane

Џихадистичката група во борбите со Курдите претрпела низа порази, кои резултирале со повлекување од градот во јануари, по 4-месечни борби.

Поранешниот командант на вооружените сили на Велика Британија, Лорд Ричардс, ги повикал надлежните да започнат да се подготвуваат за борба против исламските екстремисти.

“Да престанеме да “месечариме” и да почнеме да ги доживуваме како вистинска закана. Џихадистите ќе направат огромна штета во следните години, а единствен начин да се сопрат е со добро испланирана воена интервенција”, рекол Лорд Ричардс.

Денешниот “масакр” во сирискиот пограничен град Кобане, е резултат на поддршката која турската влада им ја дава на милитантите од ИСИС, изјавил лидерот прокурдската партија во Турција, Фиген Јуксегдаг.

Шефот на Народната демократска партија исто така рекол дека постои голема веројатност дека напаѓачите влегле во Кобане од Турција.

Официјална Анкара ги демантирала овие наводи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1