КУРЦ ПРЕЧЕКАН СО ПОГРЕШНО ЗНАМЕ ПРЕД ВЛАДАТА, ЛАТВИСКО МЕСТО АВСТРИСКО


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска беше пречекан со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата, пренесува „Сакамдакажам.мк“

Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.

ФОТО – САКАМДАКАЖАМ

Знамињата на двете земји се слични, црвено со бела лента на средина, со тоа што австриското е поделено на три еднакви делови, а во латвиското белата лента е потесна.

Грешката била забележана од австриските новинари.

ФОТО – САКАМДАКАЖАМ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1