Куси бракови и брзи разводи во Македонија


Во 2011 година во Македонија имало 14.736 склучени бракови, а во 2012-та бројката се намалила за  676 . Во 2011-та имало 1753 разводи, а лани 263 разводи повеќе. Бракоразводи има дури и поради несогласувања на околу име на бебето.

Internet-Wedding-Marriage-Rings-300x152Најновите статистички податоци, кои државниот Завод за статистика ги објави на почетокот од април, повторно укажуваат на се позагрижувачките и интензивни промени што се случуваат во македонското општество во услови на предолга општествено-политичка и економска транзиција и на галопирачка беда на цели слоеви на населението, без оглед на етничката припадност. Во 2011-та година имало 7,2 склучени бракови на илјада жители, а 0,9 разведени брачни заедници на илјада жители, јавува Дојче веле на македонски јазик.

Социолошките истражувања покажуваат дека сиромаштијата влијае врз намалувањето на бројот на браковите во Македонија. Младите луѓе прво бараат работа и место за живеење и на тој начин постојано го одложуваат бракот.

nevesta i zet

Но статистиката покажува дека сиромаштијата и ја „штити“ брачната заедница: во сиромашните семејства, кога еднаш ќе се стапи во брак, потоа тој тешко се растура.

Разведувањето е неможно токму поради материјалните причини, оти брачниот партнер кој би посакал да „се ослободи“, не би имал каде да оди: во ситуација кога едвај се преживува чувствата се во втор план. Сега не мал број жени во државата сметаат дека не им е потребен сопруг за да го одгледуваат своето дете. Под влијание на „модернизацијата“ во последните години има многу мајки, кои не се во брак.

Според „Извештајот на Комисијата за ефикасност на правосудството на Советот на Европа“ Македонија е земја во која бракоразводните постапки се најбрзи во Европа. Европските земји ги разведуваат двојките во просек за околу 7 месеци, а во Македонија таа постапка трае од 3 до 6 месеци.

Набрзина склучените бракови бргу и се раскинуваат. И двајцата брачни партнери, кои стапуваат во брак, мислат дека се ќе биде најубаво, дека се тоа ’принцови или принцези на бели коњи“. Но, излагува дека реалноста е многу посурова и многу поинаква. Ни недостасуваат предбрачни советувалишта, кои би требало да ги има повеќе и малку поголема едукација.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1