Кувајт дава милијарда долари – ќе ги плаќа долговите на своите жители


Кувајтски власти денеска постигнаа прелиминарен договор, според кој владата ќе мора да откупи милијарди долари долгови, направени од жителите на Кувајт, а ќе ја поништи и каматата на истите, пренесе агенцијата АФП.

kuvajt-450x272Претседателот на комисијата Јусеф ал Залзала објасни дека владата ќе мора да ги откупи кредитите земени во банка помеѓу 1 јануари 2002 година и 30 март 2008 година. Пратениците велат дека Кувајтските банки ги прекршиле правилата за доделување на кредити, наметнување екстремно високи камати за нив и дека централната банка не успеала да наметне почитување на законот.

Владата ќе ја поништи каматата и ќе бара пофлексибилно плаќање на овие обврски на рати, кои нема да надминат 40% од приходите на задолжените лица.

Фактор

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1