Лабело – внимателно како го чувате – може да има бактерии


Еве неколку работи кои треба да ги знаете за лабелото –

labelo2

Лабелото не ги влажни усните

Иако сите жени го користат како хидрататор за усните, тоа нема способност да ги влажни истите. Неговите состојки прават водоотпорна бариера при ветровито време, подложност на прашина и ниски температури. Усните продуцираат влажност во зголемена количина, баш во тие моменти ние користиме лабело, па ни изгледа како да правиме рехидратација. Сепак лабелото има заштитна улога за вашите усни и неговото користење не треба да се доведува под прашање.

Лабелото може да биде добра подлога за бактерии

Едно лабело може да го користите најмногу две години. Ако пронајдете старо лабело, колку и тоа да ви изгледа убаво, не го користете. Тоа сигурно веќе е полно со многу различни бактерии, дел од нив можеби се и патогени.

Доколку малку го гризнете, нема да ви направи штета

Понекогаш ви се случува лабелото да го гризнете. Доколку ова не ви се случува често и доколку е во мала количина, немате причина за паника.

labeloНема да направи зависност

Лабелото не прави зависност, иако можеби така ви изгледа. Користете го лабелото редовно, а доколку забележите промени на кожата на усната – променете го. Ако нема корекции, посетете дерматолог.

Лабелото е мултифункционално

Лабелото можете да го користите буквално секаде – на ноктите, краевите од прстите и други места кои можат често да се иритираат. Секако за овие работи треба да користите различни лабела.

Доктори.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1