Ви здосади да пиете обично кафе – еве интересни рецепти


jamajkansko kafeЈамајканско кафе

  • 50 грама Шлаг
  • 180 милилитри црно кафе (espresso, Nescafe)
  • 60 милилитри Рум
  • 1 мала лажица Кафеав шеќер
  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 5 мин.

Во една чаша измешајте ги румот и кафеавиот шеќер.
Ставете го кафето во миксот со рум и шеќер и мешајте се додека не се стопи шеќерот.
Задниот дел од лажичката сватето го скоро на површината од кафето. Почнете да ставате од шлагот врз лашицата со цел кремот да се задржи на површината на кафето.

 

miguels-tropical-kitchen-coffee-three-texturesКафе со три текстури

  • 3 парче/чиња коцка/и мраз
  • 4 мала лажица Еспресо
  • 60 милилитри Млеко
  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 5 мин.
 Прво, истурете малку млеко на дното на секоја чаша. Полека истурете една доза кафе еспресо врз млекото. Останатите 3 дози еспресо ставете ги во блендер заедно со коцките мраз. Блендирајте додека не се направи пена.
Потоа истурете ја целата смеса како трет слој врз еспресото.
Така ќе добиете кафе со три текстури.

 

Лате од тиква“Старбакс” РЕЦЕПТ

  • vkusno-kafe-po-recept-na-starbaks100 мл. млеко
  • 2 лажици конзервирана  или свежо печена тиква
  • 2 лажици шеќер (по вкус)
  • 2 лажици екстракт од ванила
  • 2 лажички сируп од тиква (по вкус)
  • 1\4 чаша еспресо или веќе направено инстант кафе

Во еден сад измешајте ги млекото, тиквата и шеќерот и ставете ги на средна температура неколку минути. Откако смесата ќе се соедини, додадете го екстрактот од ванила и сирупот од тиква и измешајте во блендер.

Млекото кое го изблендиравте заедно со тиквата, истурете го во ниска стаклена чаша или интересна шолја. На врвот додадете го претходно приготвеното кафе и декорирајте со пена и цимет.

 

viensko-kafeВиенско кафе

  • 1   Шекер лажичка/ки
  • 4 мала лажица Шеќер во прав
  • 20 грама Чоколадо
  • 2   Кафе филџан/и
  • 100 грама Блага павлака
  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 5 мин.

ПОДГОТОВКА:

Половина чаша слатка павлака добро се мати во шлаг со лажичка шеќер и се остава во фрижидер добро да се олади.Во поголеми филџани се става по една лажичка чоколадо во прав, 2 лажички шеќер во прав и лажичка слатка павлака. Сето тоа добро се промешува за да се добие мазен крем.
Потоа во секој филџан се налева постепено врело кафе и се украсува со претходно подготвениот фил, кој е добро оладен во фрижидерот. Одозгора ова необично виенско кафе се попрскува со малку цимет.
Ледено кафе со цимет

Photographs for Food52Потребни состојки за базата:

2/3 шолја мелено кафе
3 шолји вода
1 лажичка цимет
3 лажици кафеав шеќер.
Овие состојки ставете ги во тегла, промешајте и оставете ја течноста да отстои во ладилникот една вечер.
Потребни состојки за вториот дел:
-млеко
-крем или шлаг
-мраз
Исцедете го ладното кафе, сервирајте во стаклени чаши така што ќе наполните ¾ од чашата со кафе, а другиот дел ќе го дополните со млеко, крем и коцка мраз.
Топло мока кафе
kafe411Потребни состојки:
2 шолји варено кафе
1 лажица какао
4 лажици ликер од кафе
Шеќер по вкус
Шлаг и чоколаден прелив за декорација.
Во жешкото кафе ставете ги преостанатите состојки и добро мешајте. Потоа украсете со преливот и чоколадото.
Пунч кафе

kafe311

Потребни состојки:
4 лажици мелено кафе
2 стапчиња цимет
Кора од портокал
4 мали чаши рум
Сварете го кафето како што вообичаено го варите.
Потоа во него ставете ги циметот и кората од портокал.
Прелијте со рум кој претходно сте го загреале.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1