Лагард: Ќе ве разочара 2016 година


Светскиот економски раст во оваа година ќе биде разочарувачки, оценува шефот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард.

Веројатно зголемувањето на каматите во САД и успорувањето на растот на кинеската економија придонесуваат за несигурност и зголемен ризик од ранливост на економиите ширум светот, пишува Лгард во текст објавен во германскиот весник Ханделсблат.Christine-Lagarde-hand-to-007

Освен тоа, растот на глобалната трговија значително е успорен, а падот на цените на сировините претставува проблем за стопанствата кои зависат од извоз на сировини.

Финансискиот сектор во многу држави и понатаму е слаб, а финансиските ризици на пазарите во развој растат, порачува таа.

– Тоа укажува дека глобалниот раст во 2016 година ќе биде разочарувачки и неизедначен, смета Лагард. Додава дека ниската продуктивност, стареењето на населението и последиците од глобалната финансиска криза го кочат растот што ослабува проценки на среден рок.

Лагард предупредува дека растот на каматите во САД и јакнењето на доларот, може да доведат фирми во ситуација да не може да плаќаат свои обврски, а тоа би можело лошо да инфицира банки и држави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1