Лани ја предвидоа смртта на Чавез – што предвидува за 2014 мистериозниот ритуал Сантерија


На почетокот на секоја година во рамките на необичниот ритуал, свештениците на Сантерија ни откриваат мали делови од тоа што не чека во годината што е пред нас.

prorostvo-santerija-02Највисоките свештени лица на афро-кубанската религија Сантерија, познати како балалави, предупредиле денес, на нивниот традиционален новогодишен ритуал, дека 2014. година ќе биде година на болести, уништување на животната средина, растурени семејства и судири меѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни.

Претставувајќи го “Годишното писмо”, извештајот на својата религиска група по мистериозниот новогодишен ритуал со верско пеење и жртвување на кокошка, коза и други животни, балалавите исто така предвиделе дека во оваа година ќе починат многу значајни политички и верски лидери. меѓутоа не навеле ниту едно име, пишува AP, пренесува Точка.

Свештениците порачале дека меѓусебното разбирање, соработка и единство се клуч за стабилна иднина, како на Куба, така и насекаде во светот.

prorostvo-santerija-01“Дојде време младите да се отворат пред постарите, а старите да ги прифатат со раширени раце…Дијалогот е единственото решение за овој свет”, порачал еден од основачите на “Годишното писмо”, Лазаро Квеста.

Сантеријската религија е комбинација од католицизам и африканската традиција Јоруба, а нејзините свештеници го објавуваат “Писмото” секоја година околу 1. јануари. Американската агенција наведува дека пророштвата во главно се неодредени, но некогаш се случува да бидат точни.

Минатиот јануари, свештениците ја предвиделе смртта на Чавез, како и немирите во Египет и Сирија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1