Латас ги загубил тужбите за кои го обвинуваше Заев!


Заев неколкупати посочи дека поседува разговори и од новинари, а денес како што кажа објави н разговор со уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ-Латас.

Имено, Заев посочи дека новинарот Латас обавил телефонски разговор кој се однесувал на судската власт и обвини дека на новинарот му успева да ги добие сите судски процеси.latas-zaev

За волја на вистината, Латас ги загубил сите судски процеси за кои Заев го обвинува дека ги фабрикувал.

Од СДСМ денес обвинија дека Латас директно кај сопругата на тогашниот министер за правда, Михајло Маневски, судијка од апелациониот суд Филимена Маневска, интервенира апелација да суди во негова полза. Како што обвини Заев, Маневска се нафатила да помогне.

Латас во меѓувреме ги загубил, односно никогаш не ги добил судските спорови кои се содржина на разговорот со судијката.

Судијка во апелација, како што дознаваме, била Мирјана Дуковска, баба на Јован Деспотовски, од Извршниот одбор на СДСМ.

Од три случаи, кој биле кај неа во апелацискиот суд во сите три се преиначени првостепените пресуди и тоа во полза на лица кој што се блиски до СДСМ.

Ова укажува на две работи, или Заев објавува монтирани и невистинити материјали или несмасно, Заев сакајќи да наштети на новинарот, откри друга афера, односно дека судика блиска до СДСМ свесно интервенирала новинарот да ги изгуби тужбите.

Инаку за потсетување кога станува збор за судската власт, СДСМ кога раководеше со владата во еден ден се избраа 617 судии, без присуство на опозиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1