Зоолошката градина во кинеската провинција Хенан, привремено е затворена, бидејќи се открило дека сакајќи да го пополнат празниот кафез на лавот – донеле куче кое го преставувале како лав.
Вработените, нашле куче од расата тибетантски мастиф и го маскирале како лав, измамата била откриена кога „лавот“ почнал да лае. Инспекторите одлучиле да ја казнат Зоолошката со затворање.
Управата на зоолошката признала дека се обидела да го замаскира кучето и ја прифатила казната.
Тие упатија и официјално извинување со сите посетители во кое велат дека им е жал што ги довеле во заблуда.