Лава голта автомобили на Хаваи – хорор сцени по ерупцијата


Вулканот Килауеа на Хаваи почна да исфрла лава минатата недела поради што е организирана масовна евакуација на жителите, а лавата уништи повеќе од 20 куќи.

Застрашувачката моќ на усвитената лава е снимена на Хаваите каде веќе неколку дена еруптира вулканот Килауеа.

Снимката покажува како вулканската лава полека, но разорно, преминува преку патот кон паркираниот бел „форд мустанг“ кој го топи како да е од путер.

Видеото е снимено во Лејлани Естејт близу градот Пахоа.

Вулканот проработи после земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтер кој во петокот го погоди Големиот остров. Инаку тоа е најсилниот потрес на Хаваи во последните 42 години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1