Лазански: Налогот за напад во Македонија е даден од Вашингтон


Воено-политичкиот аналитичар Мирослав Лазански оцени дека Албанците од Косово не ја зазедоа полициската станица во Липково од бес, ниту од хоби, туку затоа што добиле налог од Вашингтон со кој од политички и економски причини им е потребна постојано немирна Македонија.miroslav lazanski

„Се зависи од тоа што Вашингтон ќе им каже. Доколку им одговара нестабилна ситуација во Македонија тогаш ова ќе се повтори, истакнал Лазански.

Лазански укажал дека нападот на Албанците, кој македонското МВР го оквалификува како терористички, може да биде тесно поврзан со намерата на Вашингтон да ја спречи реализацијата на гасоводот Турски ток зад кој стои Русија.

Тоа значи дека, доколку Турскиот тек од Русија дојде до Турција, доколку помине низ Грција, тогаш Македонија е таа која треба да ја одобри трасата на идниот гасовод. Можно е сега некој намерно од Западот да ја ниша Македонија за таа идна траса на гасоводот да биде доведена во прашање и да не биде реализирана поради разбранетата Македонија, укажал Лазански.

Тој напоменал дека е се поприсутно и се погласно заговарањето за таканаречената голема Албанија насочено кон истата цел на Вашингтон, а тоа е по секоја цена да ја спречи Русија да влезе на просторот на Југоисточна Европа, и политички и економски.

Оттаму и поддржувањето на приказната за голема Албанија и поттикнувањето на тензиите во Македонија, рекол Лазански.

Тој нагласил дека Албанците можат да бидат опасни, но дека никогаш нема да преземат ништо спонтано.

Сите прават онака како што им е сервирано од Вашингтон и ситуацијата во Македонија ќе се одвива онака како што сака Вашингтон, заклучува Лазански.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1