Илузорно е Душко Лазаров кој има семејство и кој не е многу ситуиран да бега. Тврдењето на ОЈО дека тој ќе бега е само голо тврдење, рече адвокатот Звонко Давидовиќ.
Обвинетиот Душко Лазаров кажа дека има намера неговата невиност да ја докаже во натамошниот дел од постапката и дека е убеден дека ќе успее во тоа.
„Сакам да објаснам нека недвижниот имот е заложена мојата куќа и имот на моите роднини. И навистина е нелогично да направам таква глупост, односно да бегам. Лесно и едноставно е обвинителството да бара притвор ако имаа индиции, но овде такво нешто нема. Јас сум под постојан мониторинг од МВР каде ги извршувам своите работни задачи и се надевам дека судот нема да го прифати предлогот“, рече пред судот обвинетиот Лазаров кој доби 13 години затвор.