Лазаров: Многу сум горд што сум Македонец


Секое интервју на Кирил Лазаров е полно со новини. Никогаш банално, секогаш одмерено, така и ова последното за ревијата на Атлетико Мадрид „GRADA„ каде навивачите на својот клуб, македонскиот шампион ги запознава со многу важни детали од неговата кариера.

kire-17

-Не можам да се одлучам каде ми е најубаво од земјите каде што настапував. Секаде бев поврзан со спортот. Во Македонија минав многу години, пет години бев во Хрватска, уште пет во Унгарија, сега сум трета година во Шпанија. Имам богато искуство од сите земји и од секаде научив по нешто. Најдраг трофеј од сите 32 кои ги освои ми е светската титула во Катар.

Многу сум горд што сум македонец и што мојот брат, мојата фамилија и пријатели живеат таму. Да се биде капитен не е лесна работа. Треба да работиш понапорно од сите, да бидеш пример за сите во и надвор од теренот. Мислам дека добро го правам тоа. Во кариерата на еден спортист има момент кога постигнуваш важни голови и кога промашуваш.

Но секогаш треба да веруваш во себе. Одиграв многу натпревари и не можам да одберам еден меч или некој детал. Ако не си успеал сега треба напорно да тренираш и ако си заслужил, резултатот ќе дојде. Моја неостварена цел е освојување на Лигата на шампионите. Долго време се борам да ја освојам, одиграв многу полуфиналиња и две финалиња со Сиудад Реал и Атлетико Мадрид и убеден сум дека еден ден ќе ја освојам.

Оваа сезона ни недостига еден добар натпревар. Играме против силен противник и треба да веруваме во нашите можности. Имаме многу квалитетни ракометари, оваа сезона не не штедеа повредите, но треба да ги искористиме овие играчи и овој клуб. Не можам да изберам кој е мојот најубав и најлош момент во кариерата. Ги имаше многу, ќе ги има уште многу. Штом ќе ја завршам кариерата ќе размислам и ќе одберам. Најважно е да веруваш и да продолжиш понатаму. Ако не бев ракометар сигурно ќе студирав на некој добар универзитет, добро ќе изберев и ќе го искористев добро времето, заврши Кирил Лазаров.

 

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1