Ропитс – робот што доаѓа по сопственикот и го вози каде сака


Јапонската компанија „Хитачи“ претстави робот под името „Ропитс“, кој е замислен да може да превезува еден патник.

robot kolaИновативниот робот изгледа како да е излезен од научна фантастика. Ропитс сам доаѓа до сопственикот и го пренесува до посакуваната дестинација, а за итни случаи достапен е и џојстик за контролирање.

Ропитс е првично наменет за стари и лица кои имаат проблеми со мобилноста. Возилото е доволно мало да може да се движи низ пешачки зони. Има вграден ГПС уред што го олеснува планирањето на патувањето, како и сензори за избегнување препреки и систем за одржување исправена состојба дури и на нерамен терен.

Единствено што патникот треба да направи е да ја прецизира посакуваната дестинација, преку мапа осетлива на допир, а потоа седнува и почнува да ужува во возењето. 

Миа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1