Лажен инспектор на УЈП денес контролирал по велешките продавници. Само во една успеал да ја измами и ограби сопственичката, иако посетил десетина други дуќани. За настанот кој видно ја вознемири сопственичката таа зборува со огорченост, јавува порталот tirekovmirece.com
Дојде момче до 30-тина години, покажа некаква легитимација, рече дека е од УЈП. Започна да ја прегледува фискалната каса и сметките. По ова побара да видам колку пари имам кај себе. Му кажав дека има 10 илјади денари, го отворив паричникот и покажав сметка дека се извадени од банкомат пред еден час. По ова некој му се јави на мобилен, тој соопшти дека има случај тука, по што најави дека ќе дошле и неговите колеги и побара по едно кафе да ги честам. Отидов до Баже пити и веднаш се вратив а инспекторот како што ми се претстави го видов горе пред менувачницата на патот. На моето прашање штос е случува, ми рече дека ги чека колегите и веднаш доаѓа. Отидов до цвеќарницата и кога го видов празен паричникот ми беше јасно дека ме опљачкал. Истрчав надвор а него го немаше, исчезна. Ми земал 10 илјади денари оставил нешто ситно. Зар јас требаше да проверувам кој и што инспектор е, дали му е валидна легитимацијата – вели сопственичката на цвеќарницата .
Таа настанот го пријавила во СВР Велес. Иако информациите до кој дојде ТРМР велат дека лажниот инспектор посетил најмалку десетина дуќани во градот, и засега нема други пријави за тоа дека се ограбени. Овој настан е регистриран во велешката полиција. Од УЈП информирале дека тие денес немале никаква контрола во градот.