Апликацијата „Cámara Visión Nocturna“, судејќи по името, најверојатно е наменета за корисниците во Шпанија.
Таа на Гугл плеј е поставена на 6 март, а до моментот кога е откриена, апликацијата ја инсталирале меѓу 10 и 50 илјади корисници.
Покрај тоа што апликацијата не го први тоа што го ветува, таа собира информации за уредите и ги претплатува корисниците што ја инсталираат на премиум СМС-сервисите. Очигледно целта на криминалците е да ја преземат контролата на паметните телефони на жртвите.
При инсталација, таа бара повеќе дозволи од корисникот, не само пристап до камерата. Бара дозвола за снимање видео и звук, читање и пишување СМС-пораки, пристап до Интернет, како и пристап до меморијата на телефонот.
Кога ќе се инсталира, апликацијата почнува да собира податоци за телефонските броеви од други апликации како „Чет он“ и „Ватс ап“, а тие потоа се користат за претплата на корисниците на премиум-сервисите. Оваа зараза може да ја зголеми телефонската сметка на жртвите за околу 2.000 денари.