Полицијата истражува дали на насипот во Борча трчала мистериозна црнка наместо Јелена Марјановиќ зошто на снимката од безбедносната камера од продавницата не се гледа нејзиното лице, додека сведоци тврдат дека Јелена тој ден не трчала.
„Постојат две снимки од кобниот џогинг на насипот Борча од 2.април 2016 по кој според зборовите на сопругот, на пејачката и се губи секаква трга. Прво ја забележала камерата од продавницата и на него наводно се гледа Јелена. Вториот е од камера на градски автобус и на него се гледа велосипедист на насипот, вели извор од истрагата. Тој додава дека има индиции дека на снимката е двојничка на Јелена Марјановиќ.
-Се сомневаме дека на снимаката е млада црнка облечена во сина тренерка. Нејзиниот лице не се гледа јасно и засега нема потврда дека тоа е Јелена. На истата снимка не се гледа ниту малата Јана во автомобилот, што ја доведува во прашање изјавата на Зоран дека со ќерката била на насипот додека Јелена трчала, објаснува изворот.
Соседите на Зоран Марјановиќ тврдат дека Зорица Зока Митровиќ е негова девојка, која инаку е организатор на програма на една телевизија.
-Зоран заврши зад решетки иако не е виновен и безо ќе биде пуштен. Во затвор е човекот кој својата жена ја чуваше како капка вода на дланка. Ветуваме дека брзо ќе излезе вистината на виделина и ќе се види кој е убиецот, а Зоран ќе биде дома во својаа куќа каде и му е место, вели Зорица Митровиќ која по убиството на Јелена покрена страница на Фејсбук „Поддршка за Зоран Марјановиќ“.
Таа по неговото апсење му го ангажираше најдобриот адвокат. Зорица одби да ја коментира шокантната изјава на таткото на Зоран Владимир по приведувањето на неговиот син, дека Јелена била во врска со оженет тајкун и дека тој е убиецот. Зорица тврди дека не е во врска со Зоран иако соседите зборуваат поинаку.
-Тоа се лаги! Што ме прашувате такви работи, вели таа. Сепак соседите тврдат дека постојано ја среќаваат Зока.
-Рано наутро од неговата куќа оди на работа. Слушнавме дека работи во ТВ Хепи како организатор на програма и дека работела во петтата сезона од „Парови“, велат соседите.