Лажна телевизиска екипа шверцувала пари и дрога во Никарагва


Судот во никарагванскиот главен град Манагва, осуди на по 30 години 18 Мексиканци, кои во Никаргва се обидоа да внесат 9,2 милиони американски долари, лажно претставувајќи се на границата како новинарска телевизиска екипа.
drogaМекисиканците од властите на оваа средноамериканска држава беа обвинети за перење пари и за организирање шверц на дрога меѓу Мексико и Костарика, преку територијата на Никарагва.

Сите се уапсени уште во август минатата година, откако локалната погранична полиција откри големо количество американски долари и траги од кокаин, во шест комби возила, обележани со логото на една мексиканска телевизиска мрежа.

Единствената жена во оваа лажна телевизиска екипа, Ракел Алатера Кореа, од судот е означена како водач. Таа беше осудена на 35 години затвор, но казната и беше по автоматизам намалена, затоа што никарагванскиот кривичен закон предвидува максимална казна затвор од 30 години. При изрекувањето на пресудата судијата рече дека таа ќе излезе од затворот во 2042 година.
Централна Америка забрзано се претвора во транзитен пат за наркобандите од Мексико, за префрлање на дрогата и парите што се добиваат од нејзиното продавање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1