Лажна тревога – Стршленот во Кавадарци не бил азиски – наш бил, само малку „бабачко“


Стршленот што го пронајде кавадаречкото семејство за којшто имаше сомневања дека е азиски, бил обичен.

Верица Клинчарова, биолог во Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во Кавадарци при Центарот за јавно здравје Велес изјави дека тоа денеска го потврдиле резултатите од анализата направена на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде бил препратен инсектот, пренесува Вечер.
strsen500Ние уште вчера откако го видовме инсектот рековме дека првичните согледувања говорат оти не станува збор за опасниот азиски стршен. За секој случај го однесовме во Скопје каде што само се потврди нашето мислење, рече Клинчарова.

Вчера поради невообичаената големина на најдениот стршлен семејство во Кавадарци се посомнева дека станува због за опасниот азиски стршлен. Сепак овој бил наш домашен – само малку поголем од вообичаеното.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1