Лажна вест на Фејсбук ги натерала мигрантите да дојдат до македонско-грчката граница


Попладнево нови инциденти во бегалскиот камп „Диавата“ во близина на Солун. Мигрантите повторно се обидоа да ги пробијат полициските блокади и да стасаат до грчко македoнската граница. Ја запалија и тревата меѓу нив и полициските сили, но тоа не им помогна да избегаат. Со солзавец и шок бомби полицијта се обиде да ги спречи, јавуваат светските медиуми.

Но, она што ги мобилизираше околу 500 мигранти меѓу кои и цели фамилии со мали деца да дојдат во камп кој се наоѓа на 60-тина километри од македонско- грчката граница е лажна вест која се ширела на социјалните мрежи дека границата западно-балкнаската рута ќе биде отворена, соопшти „Телма“

На јужната граница е згоелемено обезбедувањето потврди министерот за внатрешни Оливер Спасовски – вели дека секојдневно добива информации од грчките колеги за состојбите во грчките кампови.

-Преку посебни планови е зајакнато обезбедувањето на државната граница помеѓу Грција и Северна Македонија. Досега станува збор за група од околу 1.200 до 1.500 мигранти. Засега грчките колеги ја контролираат таа бројка, но секако имаме обврска да бидеме подготвени да ја штитиме границата, изјави Спасовски.

Дали бунтувањето на миграните е најава за нов бран кој ќе натежне на јужната граница? Министерот уверува дека полицијата е подготвена да одговори на предизвиците и посочува дека западно – балкнската рута е затворена, па мигрантите најчесто патот кон ЕУ го продолжуваат преку Албанија.

Сашко Коцев од регионалната иницијатива за миграција азил и бегалци (МАРРИ) не очекува да се повтори 2015 кога на македонско грчката граница есклираше состојбата со мигрантите.

-Државите се многу поподготвени сега, постои голема поддршка од ЕУ во справувањето со мигрантската криза, а на нашата јужна граница кон Грција патролираат полицајци од повеќе европски држави заедно со македонската гранична полиција. За разлика од 2015 година Северна Македонија и целиот регион е далеку подобро подготвен за соодветен одговор доколку се појави зголемен број мигранти, рече Коцев

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1