Свлечиште проголта цело село во Србија – жителите во страв од поместување на тлото


Во Доњи Мандиќ, на крајбрежјето на Заовински езеро на националниот парк Тара, после спуштање на нивото на водата за 40 метри, се активирало свлечиште кое ја срушило структурата во викенд населбата.

Свлечиштето зафатило околу 30 хектари, вклучувајќи шуми и ливади на крајбрежјето во зоната на Националниот парк Тара.

-Без таму и имаше испукнатини. Помеѓу беше широко. Јас застанувам на една нога, а другата ми потонува. Можев да настрадам – навел Милојко Мандиќ од Доњи Мандиќ.

Тлото пред пет денови почнало лесно да се спушта, но вчера и денеска настанале најголемите штети. Во прекин е селскиот пат, срушена е инфраструктурата и 21 куќа, а тлото и понатаму не мирува.

Акумулацијата е изградена за потребите на реверзибилните хидроелектрани и според водените дозволи јасни се ограничувањата за испуштање вода кога се користи за непречено производство на струја.

Ни оваа година, велат од хидроелектраната, немало такво нешто односно испуштање вода над дозволенотот, а свлечиштетот не е ново, евидентирано е уште претходно и било активно и пред 24 години, само штетата била помала.

Езерото се полни од пред два дена, – водата е од подножјето на Тара, од Дрина и езерото Перуќац и сега е на кота 840 метри, што е за околу 40 метри под вообичаеното ниво на Заовинското езеро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1