Министерството за здравство ја известува јавноста дека информацијата пласирана од порталот „Скопјеинфо“ под наслов „Скопјанка починала од слепо црево – немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно некоректно и тенденциозно пренесено.
Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот.
Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни. Редакцијата на „Скопјеинфо“ не ги контактирале надлежните институции, ниту побарале изјава за овие шпекулации.
Од редакцијата на „Скопјеинфо“ бараме јавно извинување за клеветите наведени во текстот и нанесената штета, во спротивно ќе преземеме мерки предвидени според Закон, стои во соопштението испратено од Министерство за здравство.