Лажни попусти во скопските бутици – На интернет фустанот 20 евра, кај нас 50


  На сајтот на познат женски бренд на урбана гардероба, во Шпанија, ќе забележите дека цените на летните фустани се движат од 14-15 евра до најмногу 40 евра, додека истите парчиња во бутиците на оваа трговска марка во Скопје, ќе ги најдете по повисоки цени, пишува Телеграф.

POPUSTНа пример летен фустан од тенок материјал, црна основа со бели точки, во продавницата на овој бренд во Скопје чини 2.400 денари (40 евра), додека на веб-страницата на брендот во Шпанија, цената му е 29,9 евра. 

Од Организацијата на потрошувачи велат дека сè уште е рано да прават пресек со точни бројки на поплаките од граѓаните за лажни попусти, бидејќи попустите во македонските продавници за гардероба само што почнаа. Сега имаме поплаки од граѓани за тоа дека цените на гардеробата генерално се повисоки во однос на други земји, а се жалат и за тоа дека попустите не се такви како што се декларираат. Ние им даваме совети, насоки, каде и како да реагираат, вели Маријана Лончар – Велкова, претседател на Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Таа ги советува граѓаните да пријават во пазарна инспекција, ако за некој попуст во продавница сметаат дека е лажен. Затоа што, како што вели таа, лажноста на попустот тешко се докажува и тоа може да го направат само пазарните инспектори.

Најевтина облеката во Турција, најскапа во Норвешка

Според податоци на Еуростат, за цените на облеката во еврoпските земји, најскапа е облеката во Норвешка, а најевтина е во Турција.

По Турција, меѓу поевтините земји за купување облека, според статистиката на Еуростат се и Албанија и Унгарија. По нив на листата, гледано од долу, четврта е Македонија, а нешто поскапи од Македонија се Бугарија и Романија, додека најскапи земји за купување гардероба во ЕУ се Норвешка, Исланд, Шведска, Данска, Швајцарија.

Телеграф /Foto – Utrinski

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1