Лажниот преведувач стоеше зад Обама – а бил обвинет за убиство и силување


Тамасанка Џантџија (34) обвинет е за силување во 1994 година, за кражба во 1995 година, за провала во 1997 година, за уништување на имот во 1998 година, убиство, обид за убиство и киднапирање во 2003 година

13122013163200_lazen preveduvacЛажниот преведувач кој го шокираше целиот свет на погребот на Нелсон Мандела, затоа што наместо знаковниот јазик, само невешто мавтал со рацете, има обемно кривично досие.

Јужноафриканецот Тамасанка Џантџија, кој пати од шизофренија, обвинет е за неколку кривични дела.

Многу од тие обвинувања се отфрлени затоа што наводно тој е неспособен за судење.

Се поставува прашањето, како човек кој има толкаво досие, можел да биде на само еден метар од најголемите светски лидери, а посебно како можел да стои зад грб на првиот човек на САД, кој е еден од најчуваните на планетата.

Човекот кој во телевизиски пренос преведуваше на знаковен јазик се што функционерите говореа, лажно преведуваше и не знаеше ниту еден од официјалните знаци на знаковниот јазик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1