Македонија доби беспилотни летала – бешумни, летаат, снимаат …


5-97-

Може да летаат до 5 илјади метри, најдобро снимаат од 150 метри, бесшумни се и тешки помалку од 2 килограми- ова се параметрите на новите беспилотни летала кои Првата моторизирана бригада на АРМ ги доби во рамките на новата американска воена донација.

 Со нив ќе се снимаат непријателски позиции од воздух за полесно планирање на акции како и за полесно вклопување во комуникациските системи со системите на сојузниците на АРМ.

Опремата ќе се користи за комуникациско поврзување на АРМ со сојузничките армии за извршување на заеднички мисии. Покрај тоа АРМ доби и автоматско оружје, тоа пак му беше најинтересно на министерот кој не пропушти шанса да фати американски автомат в рака.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1