Централниот одбор на ЛДП ја исклучи Роза Топузова Каревска од Извршниот одбор на партијата и ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.
Одлуката е донесена едногласно. Роза Топузова Каревска на последните предвремени парламентарни избори се наоѓаше на високото трето место во изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција. Ова место го доби благодарение на договорот меѓу лидерите на опозицијата.
Топузова Каревска не го испочитува ставот на нејзината партија да го врати пратеничкиот мандат. Ги прекина комуникациите со ЛДП, а лидерот на нејзината партија јасно кажа дека таа во Собранието може да ги застапува само своите интереси и ставови, но не и да ја претставува ЛДП.
За прв пат се појави на седницата на избор на Влада, сама во пратеничките фотељи резервирани за опозицијата и многумина критикуваа дека нејзиниот говор за Владата на Груевски бил блед, а не жесток како што таа најавуваше.
Локално.мл