Лебеди еклери – воопшто не е тешко за правење


lebedi-1140013-bb2486-800x600

Состојки

  • За тесто
  • 400 мл вода
  • 150 мл зејтин
  • 200 гр брашно
  • 5 јајца
  • IMG_20131127_112441_776-3abce9-300x300За фил
  • 500 мл млеко
  • 300 гр шеќер
  • 3 лажици густин
  • 3 лажици брашно
  • 2 јајца

Подготовка – фил

Во околу 100 мл од млекото ги ставаме јајцата, брашното, густинот, малку шеќер и убаво ги промешуваме како за пудинг. Останатото млеко со шеќерот ги ставаме да почнат да вријат.

Ја додаваме смесата за „пудинг“ да проврие, со постојано мешање, односно да се згусне. Оставаме да се лади.

IMG_20131127_113053_447-bc7041-300x300

За подготовка на тестото,

водата и зејтинот трба да зовријат, па го додаваме брашното. Кога ќе се хомогенизира смесата, ги додаваме едно по едно јајцата. Значи, ставаме едно јајце, мешаме додека не навлезе убаво во тестото, па следното исто така, додека не се потрошат сите 5 јајца.

Во тавче, на хартија за печење, ги правиме со шприц „телата на лебедите“. Потоа со помала форма на шприц ги правиме вратот и главата на лебедите, на тој начин што правиме форми во вид на бројот 2. Се печат на 200 степени додека да добијат златно жолта боја.

Кога ќе се изладат „телата“, ги сечеме по должина и ги полниме со фил. Пред да ги затвориме вметнуваме една „двојка“ во филот. На крајот им посипуваме шеќер во прав.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1