Лебедот е жив, ама со повредено крило


Лебедот, кој на фотографиите што се појавија во македонските, но и во светските медиуми. се гледа како жена го тегне за крилото, е жив иако се појавија написи кои тврдеа дека починал, јави Мета.lebed1

Од здружението за заштита на животните во Охрид „Анималиа“ веќе поднеле пријава до Агенцијата за храна и ветеринарство, а најавуваат дека случајот ќе го пријават и во полиција.

Од „Анималиа“ бараат Општината да иницира истрага за да се најде кој го повредил лебедот бидејќи, како што велат, „ваков туризам со вакви туристи не му требаат на Охрид“.

Тие тврдат дека името на лебедот, кој бил многу питом, е Џорџ, дека тој и претходно имал повреда на крилото, но дека тоа не му пречело да функционира.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1