ЛеБрон Џејмс на семејство пред врата им однесе 1,3 милиони долари како божиќен подарок


Семејството Вортон од Акрон, во американската сојузна држава Охајо, го доби можеби најдобриот подарок за Божиќ за кој не можеа ниту да сонуваат дека би го добиле.lebronn-640x366

Не само што ова семејство од Акрон осои 1,3 милиони долари на новиот квиз „The Wall“ кој ќе почне да се емитува на NBC, туку парите во домот лично им ги достави, најдобриот кошаркар на денешницата ЛеБрон Џејмс.

Најдобриот кошаркар на денешницата е еден од извршните продуценти на The Wall, а во премиерната епизода која ќе биде прикажана на почетокот од јануари семејството Вортон освои дури 1,3 милиони долари.

ЛеБрон одлучи да ги изненади за Божиќ сопружниците Џон и Ејнџел кои не ни можеа да замислат дека лично кошаркарот на Кливленд ќе им ги донесе парите во две големи торби. Тие двајца, а посебно Ејнџел, и нивните две деца Џон Рамон (9) и Кара (7) повеќе се израдуваа на појавата на Џејмс во нивниот дом, отколку на паричната награда.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1