Легендарниот Чкаља почина во беда: Фала ти Србијо што глодам коски


Можеби и најпопуларниот југословенски актер Миодраг Петровиќ – Чкаља, почина на 21 октомври 2003 година во беда, повеќе гладен отколку сит.ckalja

Тој во својата старост се жалеше дека самотијата го мачи. Напуштен од колегите, гледајќи како пријателите еден по еден му умираа, познатата насмевка на Чкаља почна да бледее. Кога ја доби наградата за животно дело „Цар Константин“, во говорот го кажа она што му тежеше на душата, дека долго живее како да е погребан.

– Да бев во Америка и да примев ваква голема награда, би ѝ се заблагодарил прво на својата жена, па на децата, на бабата, потоа на продуцентите и на режисерот. Но, бидејќи, за среќа, сум во својата драга Србија, се му заблагодарувам прво на својот шеф од самопослугата, што понекогаш ми одвојува пензионерска коска, па на сосетката во бараката која ми остава млеко под тезгата, па на мојот поштар, кој секогаш навреме со доцнење, ми ја носи пензијата. Да не беа тие, не би бил овде, откри тогаш тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1