Легендарниот српски глумец Бора Тодоровиќ во кома – доживеал мозочен удар


Легендарниот српски актер Бора Тодоровиќ (84) се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Белград!

Bora_Todorovic_foto_Luka_Sarac_615505456_501545565Познатиот глумец неодамна го оперирал селпото црево, а во процесот на заздравувањето му се слошило и во моментот се наоѓа во кома.

Во текот на вчерашаниот ден Бора Тодоровиќ не се будел од кома. Инаку, пред операцијата на слепото црево, овој врвен актер е виден на јавни манифестации каде ништо не упатувало на тоа дека има здравствени проблеми. Во почеокот на минатиот месец присуствувал на промоција на книга, а во почетокот на мај станал дедо и не ја криел радоста поради тоа што неговиот син Срѓан станал татко.

Што се однесува до професијата, Тодоровиќ последните години се повлекол од светот на театарот и филмот, а во медиумите ретко се појавувал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1