Британскиот специјалист за рак на дојка, Јан Стјуарт е суспендиран од должноста а го чека и судење откако им ги отсекол дојките на околу 500 пациентки лажејќи ги дека имаат рак на дојката.
Инцидентите се случиле од 1994 до октомври оваа година. Тој работел и во државната, но и во неколку приватни клиники во овој период. Обвинет е дека на најмалку 450 жени им поставил погрешна дијагноза и им велел дека имаат рак на дојка и мора да се изврши мастектомија.
Жртвите против него поднеле тужби, поради што Патерсон го чека судење. На Патерсон во 2007 година му било забрането да оперира.