Лекар или касап: 8 жени починале по масовна стерилизација – Еден лекар за 5 часа оперирал 83 жени?!


По спроведувањето на државната програма за стерилизација во индијската држава Чатистар починаа осум жени, а десетици се во критична состојбаg_siluvanje-indija

Над 80 жени кои се подвргнале на стерилизација во владиниот камп во дистриктот Биласпур почнале да чувствуваат компликации одма по интервенциите, проследени со опаѓање на пулсот, гадење и повраќање-пренесува Танјуг. Стерилизацијата ја извршиле еден лекар и неговиот помошник. Власта ќе спроведе  истрага за причините за смртта на жените, изјавил еден локален полициски комесар.

Локалните влади во Индија често нудат разни погодности за брачните двојки што доброволно ќе се подвргнат на стерилизација, како на пример автомобили, електрични апарати за домаќинство. Целта на оваа програма е да се намали бројот на раѓања во Индија којашто има над милијарда и двесте милиони жители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1