Синоќа, пред и во штабот на владеачката ВМРО ДПМНЕ во Македонска Каменица се случувала вистинска драма. Лекар од градот, лут оти го излажале и не исполниле тоа што ветиле, земал секира и дошол пред ОК на ВМРО ДПМНЕ на Каменица, тврди порталот Либертас.
Според информациите на порталот лекарот бил лут што неговата сопруга, професорка во гимназијата со договор на дело не и го продолжиле договорот. Изворот на Либертас тврди дека тој зел секира и почнал со неа наводно да удира на вратата на штабот.
Била повикана и полиција и градоначалникот, но инцидентот не бил евидентиран во МВР, велат изворите за Либертас .