Лекари, актери, јавни личности – новиот пратенички состав


Лилјана Поповска, Аспазија Софијанова и Даниела Рангелова, се дел од кандидатите кои ќе ги пополнат 8-те места од првата изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ, а се поизвесно е дека ним ќе им се придружат Јелена Жугиќ и Андон Чибишев.

sobranie prateniciНосителот на листата во единицата, Никола Груевски, бидејќи повторно ќе добие мандат за формирање на влада, ќе ослободи едно пратеничко место што ќе резултира со поместување на листата. Таков најверојатно ќе биде и случајот со уште неколку позиции, бидејќи е можно некој од кандидатите да добие министерско место.

Меѓу 10-те кандидати од втората изборна единица кои ќе седнат во пратеничките столчиња се Гордана Јанкуловска, Трајко Вељаноски, Зоран Ѓорѓиевски, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ. Драган Петковски и Бојан Стојановски се дополнителните кандидати кои се во игра да влезат во парламанетот доколку некој од листата добие министерско место.

Никола Тодоров, Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Емил Димитриев, се дел од 13-те кандидати на ВМРО ДПМНЕ кои добија пратенички мандати во 3-та изборна единица. Бидејќи и тука постои простор некој од нив да добие министерска позиција, листата може да се прошири со кандидатите Ѓорѓи Коџабашиев и Милка Христова.

Во изборната единица 4 владејачката коалиција доби 12 пратенички места. Зоран Ставрески, Павле Трајанов, Васил Пишев, Силвана Бонева се дел од кандидатите кои ја добија довербата. И тука како и во останатите, сеуште не е познато за колку кандидати ќе се прошири листата.

Антонио Милошоски, Зоран Илиевски, Крсто Мукоски, Александар Николовски, се дел од 11-те кандидати од 5-та изборна единица кои добија пратенички места. Дополнително од оваа листа може да влезат Нико Чонески и Анастас Џуровски.

Никола Попоски, Кенан Хасипи, Светлана Карапетрова и Сашо Акимоски, ја добија довербата на гласачите од 6-тата изборна единица.

Доколку СДСМ одлучи да влезе во парламентот 34-те пратенички места, меѓу другите ќе ги пополнат Рената Дескоска, Софија Куновска, Стефан Богоев, Лидија Димова, Петре Шилегов, Марјанчо Николов, Горан Мисовски, Хари Локвенец, Роза Топузова Каревска и Горан Сугарески.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1